Белград бесен на Скопје поради гласањето за прием на Косово во Интерпол

Македонскиот претставник во Интерпол на гласањето во Дубаи гласал за прием на Косово во агенцијата на светската организација и со тоа го предивика бесот на официјален Белград од каде сега владини кругови бараат реваншизам кон Македонија.

Една од мерките за кои се говори вчера и денеска во Белград е официјално именување на Македонија со името ФИРОМ или со Северна Македонија.

Друга опција е Македонија да биде бојкотирана на сите меѓународни средби и конференции што се организираат во Србија односно Македонија да биде исклучена од сите настани кои ги организира Белград или каде што настапуваат српски официјални претставници.

Гласањето за прием на Косово во УНЕСКО зарши неуспешно за поранешната југословенска покраина откако за обидот на Приштина гласале 68 земји членки на Интерпол, 51 биле против, а 16 воздржани.

Во првиот круг на гласање за прием на Косово во Интерпол, 76 земји се изјаснија за, 56 беа против, а 22 воздржани.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ по гласањето во Дубаи, изјавија дека „ова е успех на една мала земја, пркосна и горда, која иднината не смее да ја базира на пркос и инат, туку на рационален пристап и која мора да сака компромис и да ги разбере односите во светот, ниту да ја понижува и унижува приштинската страна“.

Лани премиерот Заев на српска телевизија изјави дека при следното гласање на Македонија за УНЕСКО ќе биде неутрална.

SHARE

6 Коментари

  1. […] Το δημοσίευμα τονίζει ότι πέρυσι, ο πρωθυπουργός των Σκοπίων, Ζόραν Ζάεφ, δήλωσε στη σερβική τηλεόραση, ότι κατά την επόμενη ψηφοφορία για την ένταξη του Κοσσυφοπεδίου στην ΟΥΝΕΣΚΟ, η χώρα του θα είναι ουδέτερη. […]

  2. […] Το δημοσίευμα τονίζει ότι πέρυσι, ο πρωθυπουργός των Σκοπίων, Ζόραν Ζάεφ, δήλωσε στη σερβική τηλεόραση, ότι κατά την επόμενη ψηφοφορία για την ένταξη του Κοσσυφοπεδίου στην ΟΥΝΕΣΚΟ, η χώρα του θα είναι ουδέτερη. […]

Оставете Коментар