Берлин: грчките воени репарации се „законски и политички решени“

Портпаролот на германската влада, Штефен Зејберт, вчера ја повтори позицијата на Германија дека прашањето на воените репарации за Грција е „правно и политички“ решено.

Прашањето за репарации беше правно и политички решено, рече тој на прес-конференцијата во Берлин, додавајќи дека во врска со тоа ништо не се променило, пренесува „Катимерини“.

Тој, исто така, рече дека грчката влада не направила никакви официјални потези во врска со тоа прашање.

За време на економската криза, Грција го обнови својот повик за репарации за нацистичката окупација за време на Втората светска војна.

 

 

Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер се очекува денеска да допатува во Атина на дводневна официјална посета, по покана на неговиот колега Прокопис Павлопулос.

Тој, исто така, ќе се состане со премиерот Алексис Ципрас.

Грција (ќе) бара 280 милијарди евра отштета од Германија за Втората светска војна

SHARE