На вработените во администрацијата на општина Струга им се забранува да конзумираат храна и пијалоци и да пушат во канцелариите за време на рамазанските пости, одлучи градоначалникот Рамиз Мерко.

Тој на  веб-страницата на Општината им посака лесен пост на своите колеги и сограќани:

„Во пресрет на Рамазан, месец на симболична жртва, побожност и милосрдие, богослужба и милост, ми претставува чест да им посакам на сите граѓани од исламска вера во име на општина Струга и во мое лично име, убав дочек на овој свет месец“ пораќал Мерко како што пренесува emagazin.

Оставете Коментар