Без политичари на свадбата на принцот Хари

Loading...

Принцот Хари и Меган Маркл не ги поканиле британската премиерка Тереза Мај и лидерот на опозицијата Џереми Корбин на нивната венчавка.

Одлуката да нема политичари, значи дека ни американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде поканет.

Таква одлука ила донесена поради големината на црквата но и фактот дека принцот Хари е само петти по ред наследник на британскиот трон.

Потврдено е, исто така,  дека ни Барак и Мишел Обама, кои се пријатели на принцот, не се поканети.

Но, меѓу 1.200 поканети на свадбата во замокот Виндзор на 19-ти мај, ќе биде 12-годишно девојче повредено во нападот во Манчестер Арена.