Би-би-си објави карта со „Северна Македонија“

Преспанскиот договор, со кој беше усвоено името „Северна Македонија“, веќе ги донесува првите промени, пишува грчка „Ефимирида“.

Весникот пишува дека британскиот сервис Би-Би-Си, во претставување на договорот Ципрас-Заев „веќе го смени името на Скопје на мапата“ во Северна Македонија и дека тоа не се однесува на географскиот регион Македонија.

Сервисот донесува две мапи, а првата е со име Македонија како што е земјава призната од голем број земји во светот и на како БЈРМ како што е призната земјата во ОН, пишува „Ефимирида“.