Би-Би-Си за Преспанскиот договор: Личеше на свадба, еден учесник си го смени името

Новинарот на Би-Би-Си, Гај де Лони, опишувајќи ја ситуацијата во грчкото село Нивици, каде што вчера беше потпишан договорот за името меѓу Македонија и Грција, вели дека наликувала на свадба.

На тоа наведувал и белиот шатор подигнат на брегот на питорескното Преспанско Езеро.

„Едниот од учесниците се согласи да го смени своето име“, пишува балканскиот коресподент во информацијата за договорот со кој Македонија ќе стане Северна Македонија.

Насловот на текстот е „Спорот со македонското име: Премиерите гледаа како министрите потпишуваа историски договор“ (Macedonia name dispute: PMs watch as ministers sign ‘historic’ deal)

Освен прикриениот британски хумор, кој наведува на дилемата зошто не премиерите, туку министрите потпишале договор кој што е историски, интересно е и тоа што зборот историски во насловот е ставен во наводници што алудира дека и за британскиот јавен сервис има нешто спорно во начинот на кој е „решен“ спорот за името.

 

SHARE

Comments are closed.