Библиски поплави во Јапонија – над 80 загинати, десетици исчезнати

Најмалку 80 лица загинаа, а над 50 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од невремето проследено со пороен дожд, што ги зафати западните и централните делови на Јапонија, соопштија јапонските власти.

Според властите, исчезнатите лица најверојатно ги однеле надојдените води или се наоѓаат под наносите од кал предизвикани од свлечиштата.
Спасувачите ја проширија потрагата по исчезнатите и во пружањето помош на лицата кои останаа заглавени поради свлечиштата и поплавите. Само во округот Окајама, кој е еден од најпогодените од невремето, околу 1.850 лица останале заглавени на покривите на поплавените куќи.

Поради елементраната непогода наредена е евакуација на 5,9 милиони луѓе во 19 јапонски окрузи, а околу 30.000 лица веќе се сместени во прифатни центри.

Во акцијата за спасување и помош на настраданите учествуваат 54.000 полицајци, пожарникари и припадници на цивиланта заштита и крајбрежната стража, потпомогнати од 40 хеликоптери.

Јапонските медиуми оценуваат дека западните и централите делови на островот Хоншу се зафатени од „историски најсилни врнежи“. Само во местото Мотојама, на околу 600 километри од Токио, за помалку од 24 часа меѓу петокот и саботата наврнале 583 милиметри дожд.

Поројните дождови, што започна во четвртокот и продолжија до денеска, претставуваат најголемо невреме што ја зафатило Јапонија од 1976 година

SHARE