Бит-пазар пак блокиран, Скопје во хаос, полицијата претпазлива

Loading...

МВР не интервенира сè уште во надеж дека ќе падне договор меѓу градските власти и дивите продавачи, кои што своите производи ги нудат на импровизираните тезги на булеварот „Крсте Мисирков“.

Дивите продавачи не можат да најдат заеднички јазик со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој се обиде да ги дислоцира, по што започнаа протестите.

Во меѓувреме, центарот на Скопје е во сообраќаен хаос поради секојдневното затворање на оваа главна артерија на градот.

Безбедносните проценки на МВР велат дека интервенција на специјалците би можела да предизвика сериозни безбедносни предизвици во овој дел од Скопје, каде дивите тезги се присутни со децении.