Бивш хокеар од НХЛ шокиран што Запад ја тера Македонија да смени име

Мајк Ангелидис, поранешен канадски играч од македонско потекло во најсилната хокеарска лига во светот НХЛ, на својот профил на Твитер изрази вчудовиденост од принудувањето на Македонија да си го смени името.

„Јас сум канадски Македонец, кој е шокиран од тоа дека Западот ја присилува Македонија да си го смени своето име и нашиот идентитет за да задоволи друг народ. Ги повикувам високопрофилните Македонци да го употребат нивното влијание за да побараат меѓународна поддршка за нашите човечки права. Нашето име е Македонија“, твитна некогашниот хокеар на НХЛ-лигашот Тампа Беј Лајтнинг.

Објавата на Ангелидис ја поздрави Бил Николов, претседател на Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада.

„Ти благодарам Мајк Ангелидис, горд Македонец-Канаѓанец и бивш хокеар на Таммпа Беј Лајтнинг за истапувањето за Македонија! Македонци во НХЛ, ве има доста, дајте изјава во одбрана на нашите човечки права сега! Нашето име е Македонија!“, порача Николов.

 

SHARE

Оставете Коментар