Бившиот британски амбасадор Гарет носталгичен по галиите во Вардар!

Поранешниот амбасадор на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, на недипломатски начин искажа носталгија по Скопје преку галиите во Вардар, повлекувајќи паралела со таа на соборениот украински претседател Виктор Јанукович!

„Лажна галија во злогласната поранешна резиденција на Јанукович во близина на Киев. Ме направи носталгична за #Скопје и за трите брода што пловат во #Вардар“, напиша на Твитер британскиот амбасадор во Скопје од мај 2014 до јули 2018 година.

Ова не остана незабележано од македонската твитерска заедница, чии реакции се движат од „не ти е срам?“ до „Уоу, колку многу ти недостига Македонија. Колку тажно. Бидејќи ти нам не ни недостигаш воопшто“.

 

SHARE

Оставете Коментар