Крсте Ивановски, познат бизнисмен од Канада донирал 100.000 канадски долари за кампањата за бојкот на референдумот во Македонија.

„Само во Република Македонија зборот Македонија ќе биде забранет, на своите деца и внуци да не смееш да им кажеш од таа историја и името Македонија да го споменеш“ изјавил Ивановски објаснувајќи ги мотивите за донацијата.

На две недели пред најавениот референдум, а со цел и единствена порака до Македонците во целиот свет за бојкот на истиот, македонските здружени патриотски организации од Торонто одржаа семакедонски донаторски коктел на кој биле собрани над 145 илјади канадски долари, пренесува „Нова Македонија“.

SHARE