Бизнисот од Северозападна Македонија е за „северна“ Македонија

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со стопанственици од северозападна Македонија пораќа дена одлуката на 30 септември ќе биде драматично позитивна или драматично негативна за бизнисот.

„Одлуката што ќе ја донесеме ќе биде драматично позитивна ако референдумот е успешен зашто членството во НАТО значи политичка стабилност и предвидливост, а членството во ЕУ од 500 милиони со најголем дел од БДП во светот“ рече Османи, пренесува ТВ21.

„Членстот во ЕУ и НАТО од овој аспект е многу битно. Ние сме ‘за’ референдумот зашто придобивките ќе бидат големи не само за нас, туку и за сите земји во регионот“ рече Неби Хоџа, претседател на Стопанска комора на севернозападна Македонија.

Оставете Коментар