Благоевграѓанец за случајот „Пирин“: Страв им е од македонскиот дух!

Loading...

Емил Евтимов од Благоевград реагира на објавата на expres.mk во Фејсбук-групата „Спаси го името Македонија“ за барањето од навивачите на Пирин до Фудбалска федерација на Македонија нивниот клуб да игра во македонска лига.

„Имаше еден фудбалски тим Македонска слава. Го уништија гадовите. Пирин исто така сакаат да го нема. Страв им е од македонскиот дух. Сега без пари ќе ги земат играчите. Тоа е стратегија на Бугарија. Да нè нема“, пишува Евтимов.

Фановите на Пирин го обвинуваат Бугарски фудбалски сојуз (БФС) за испаѓањето на нивните миленици од Прва лига на Бугарија.

 

1 Коментар

  1. […] За случајот, на објавата на expres.mk на Фејсбук-групата „Спаси го името Македонија“, изреагира и Емил Евтимов од Благоевград. Вели дека (на Бугарите) им е страв од македонскиот дух. Прочитајте на ЕКСПРЕС.МК. […]

Comments are closed.