Блерта, ќерката за која постои основано сомневање дека ги убила родителите и сестрата во крвавото семејно убиство во Дебар минатиот месец, доби уште 30 дена притвор.

Притвор добија и двајца нејзини помагачи: жител на Гостивар (31), кој наводно помагал околу превозот и еден жител на Дебар (62), кој обезбедил оружје.

„Не ми дозволија да се омажам за Италијанец“, наводно „признала“ 28-годишната  Блерта Поцеста, но таа вели дека само го организирала убиството, но не го извршила.

Нејзината мајка Назмие (53) , таткото Амид (54) и сестрата Анила Поцеста (14) беа убиени во семејниот дом на 26 август.

Во куќата на ул „1 Мај“ во Дебар најдени се само нејзини траги, но таа упорно тврди дека не го извршила убиството.

Сепак, дополнително против неа е и фактот дека по убиството таа заминала во Италија од кад се вратила кога била известена за тројното убиство за да ги оплакува.

Според информациите од италијанската полција Блерта во Италија била заведена како наркозависник.

Имаше и шпекулации дека причина за тројното убиство можеби е и животното осигурување од дури 1,5 милиони евра што би ги добила по смртта на таткото кој бил осигуран во Италија.

Според првичните сознанија од истрагата, во убиството учествувале уште две лица – извесен Ферди Г. кој го набавил оружјето и некој кој го извршил убиството.

Но, во куќата биле откриени само нејзини траги, не и од други лица, па сè уште не е исклучена можноста сепак и таа да учествувала во убиството.

Оставете Коментар