Близок соработник на Ципрас од Солун нема проблем со Македонците и Македонија

Пратеникот на СИРИЗА, Трианфилос Метафидис, во интервју за радиото Реал ФМ 97,8 во емисија на новинарите Васили Лирицис и Димитри Камбураки изјавил дека Македонија има проблем да се нарекува како сака и дека не треба да се прави проблем со македонската нација како различна од грчката.

Во однос на Репбублика Македонија, Метафидис изјави „Ние се справуваме со ова прашање, бидејќи имаме притисоци од надвор. Тоа е вистински проблем.

Јас нема да ги именувам, ниту пак да ги наречам Скопје. Скопје е град во Македонија. Ова е неисториски и непочитување на нашите соседи. Со кое право ние им забрануваме право на национален и историски идентитет. Дали ние сме некаков суд за историја?“

„Поентата е дека нема територијални претензии, јас велам дека ние сме оштетени во ова место заради оние кои велат дека грчката граница е до реката Инд. Национализмот е едно нешто што не може да биде униптено”, изјавил Метафидис пренесува порталот Falanga.com.au, .

SHARE

Comments are closed.