Блокираната група новинари од Нивици до дома преку див граничен премин

Loading...

Групата од десетина новинари на кои им беше забрането од Нивици преку Лерин и Меџитлија да се вратат во Македонија безбедно се вратила во земјава.

Наместо по рутата по која дошле десетина новинари кои беа блокирани на тромеѓето меѓу Грција, Македонија и Албанија се вратила преку граничниот премин Маркова нога.

Овој премин не функционира официјално поради одбивање на Атина да го отвори и покрај барањето на неколку македонски влади во последниве 20 години.

Денеска преминот е отворен откако грчката полиција имаше негативна безбедносна проценка за нивното враќање дома преку Лерин каде денеска се протестираше.

Македонски новинари блокирани во Грција