Ај да не почнуваме во стилот„ дали треба некој да се повреди па ‘надлежните’ да преземат мерки“, но движењето пешки по „Боемска“ улица“ во Скопје е ризично доколку не се внимава на „останките“ од вградената „урбана“ опрема која во голем дел и од непознати причини – ја нема.

На местото на бетонските топки кои некој „машки“ се потрудил да ги отстрани, остана железна арматура која опасно „ѕирка“ меѓу коцките калдрма…

Оплеменувањето на уличката во Дебар Маало во времето на претходниот градоначалник на Центар чинеше нешто помалку од половина милион евра.

SHARE