Бојаџи: Но пасаран, филмот е слободен, ќе “падне” ли и Струмица

Без детали за судењето по барањето за забрана на филмот Ругање со Христос, режисерот Јани Бојаџи објави дека македонската публика ќе може да го види филмот и покрај политичкиот притисок.

Прв град каде тоа ќе се случи по Скопје е Штип.

“Филмот е слободен! Сега останува борбата за нашата слобода! Продолжуваме да се бориме за слбодно прикажување на ,Ругање со Христос,, низ сите градови во Македонија! НО ПАСАРАН! Ќе победиме!

Првиот град што ќе го освоиме е Штип! Вечерва во 19.30 во Центарот за култура Ацо Шопов, штипска премиера. Браво за шчипјани и слободен Шчип!

Сонувам следен да падне и мојот роден град Струмица”, вели Бојаџи по денешното судење на кое Министерството за култура и јавниот правобранител побараа забрана за филмот што доби награда на престижниот фестивал во Монтреал.

На денешното рочиште народниот правобранител ја поблекол тужбата по што воопшто не дошло до судски процес.

Оставете Коментар