#Бојкотирам честита срамен јубилеј на ДУИ, ја откри новата цел (ФОТО)

Интернет движењето #бојкотирам кое е составено од приврзаници на различни политички опции и идеологии денеска откри против кого се бори

“Еве кажуваме да знаете, и вие од десно @VMRO_DPMNE и вие од крајно лево @levica_mk. #Бојкотирам е насочен против оние амнестирани клептократи што сакаат да го избришат името Македонско и променат Уставот, а кои 15 години владејат со “полнење на кутии” заради синдром на неказнивост”, пишува во пораката на движењето.

Ова движење кое нема никаква врска со движењето на Јанко Бачев за кого се откри дека е човек на премиерот Заев, досега беше насочено против референдумот а се смета дека изврши значително влијание врз урбаните средини и социјалните мрежи да се бојкотира плебисцитот на 30 септември.

SHARE

Comments are closed.