#Бојкотирам го открива пеколниот план на СДСМ, ДУИ и Талат Џафери за уставот

Членови на твитер движењето #бојкотирам на социјалните мрежи го откриваат планот на владеачките партии кои заедно со чекори на собранискиот спикер Талат Џафери треба да донесе 2/3 мнозинство за промена на уставот во Собранието.

Според #Бојкотирам утре владеачката коалиција ќе ја отвори седницата во Собранието но нема да закажува гласање се додека не се обезбедат 2/3 од пратениците.

Спикерот Џафери има рок од 15 дена по деловник да ја одложува седницата на која што треба да се гласа.

Во меѓувреме владини и судски институции, и други влијателни луѓе треба да се активираат во убедување на најмалку 8 пратеници на опозицијата.

Тие ќе имаат имаат 15 дена на располагање да ги скршат пратениците на опозицијата да гласаат за двотретинско мнозинство.

Доколку овој план пропадне Заев најверојатно нема да закаже предвремени избори, а конечната одлука ќе биде донесена по трите нарачани анкети на власта за рејтингот на политичките партии.

И покрај самоувереноста на Заев на 30 септември премиерот и неговата партија се помалку зборуваат за изборно соочување.

Тоа може да значи дека СДСМ е во опасност да доживее пораз на парламентарни избори но и дека шансите за 2/3 мнозинатво за власта и по изборите е речиси невозможно.

SHARE

Comments are closed.