#БОЈКОТИРАМ оди на следно ниво

Еден од твитер активистите на Бојкотирам познат како @Чизкејк вчра со маичка на Трамп и капче Q. што е знак за поддржувачите на Трамп во војната против ДипСтејт пред Собранието најави дека нивната активност не запира и дека движењето активно пред се на социјалните мрежи оди на ново ниво.

“Наша е обврската да го одбраниме Уставното име и Уставот на Република Македонија. Македонија има свое име. Името е Идентитетот.

Консултативниот референдум е за Северна. Референдумот не е за ЕУ и НАТО. Бојкотирам оди на следно ниво. Враќање на сувереноста.

Бојкотираме мешање во внатрешни работи во Македонија.

Им благодариме на сите странски државници и глобални бирократи кои испратија пораки и дојдоа во Македонија да не убедуваат да се избришеме. Без нив немаше да успееме.

Благодарни сме на сите бојкотирачи и нивната креативност да ја испратат пораката до гласачите.

Се обединивме од крајно лево до крајно десно. Не забораваме кои сакаа да го избришат името Македонско и променат Уставот. Нема да ги заборавиме ниту уценетите политичари и платеничкото новинарство.

Запомнете ние сме на мрежите. Благодарност до Твитер заедницата од каде сето почна.. Бојкотираме лоповлук во име на ЕУ и НАТО, паразитска бирократија, лажен елитизам и клиентализам, тендераши и нарачано судство.

Честитки до сите оние кои јасно рекоа Бојкотирам и Не Гласам.

Благодарност до Претседателот Иванов. Ова е време Македонско. Патриотизмот на дело. Македонија е се што имаме.

“Чакаларов командуваше:
Ура, момчиња!” Да живее Република Македонија”, порачуваат од твитер движењето #бојкотирам по пропаста на вчерашниот референдум.

SHARE

Comments are closed.