Бојко Борисов: Нашите бебиња не се Абориџини!

Loading...

„Кој е тој паметен човек во ЕУ кој одлучил дека бебињата во Бугарија преферираат палмино масло во млекото?“, запршал бугарскиот премиер Бојко Борисов, во врска со откритијата на бугарските власти дека млекото за бебиња во Бугарија содржи поголеми количини палмино масло отколку идентичен производ на западната Унија.

Тоа направи 100 милиони луѓе  се чувствуваат Абориџини, изјави Борисов како што пренесуваат бугарски медиуми и запрашал „дали е нормално (денес) да се бараат врски како во време на комунизмот за да се стигне до вистинската храна на ЕУ за децата, вели Борисов.

„Јас би се засрамил да сум на местото на големите синџири на храна“ изјави бугарскиот премиер на меѓународниот форум на тема „Двојни стандарди на храната во ЕУ: каде сме и како да го решиме проблемот на европско ниво“ поттикнат од сознанијата дека странските трговски компании продаваат храна под квалитетот на ЕУ во „источните“ членки на Унијата.

Претставници во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија, тврдат дека не е етички прехрамбените производи продавани под ист бренд да бидат со понизок квалитет во „новите“ членки на ЕУ на истокот и поскапи во однос на нивниот квалитет и цените со оние од запад.

„Секој што ме познава знае дека сум еден од најголемите застапници на европската перспектива. Но, никогаш не ми поминало низ ум дека е можно такви големи авторитетен компании да си дозволат да прават такво нешто. Се однесувавме со голема почит, помагавме да влезат странските синџири во Бугарија…“

Борисов се послужи со анегдота за да ја објасни сегашната ситуација „Порано во касарните пишуваше: службата е тешка, но затоа долготрајна“, а сега можеме да кажеме – Храната е штетна, но затоа е поскапа”, рече Борисов.

Бугарскиот премиер истакнал дека пред неколку години се издвојувало една милијарди лева за здравство, сега буџетот е речиси 5 милијарди (2,5 млрд евра).„Сепак нацијата е болна и луѓето умираат, бидејќи консумираат неквалитетни храна“, рече Борисов како што пренесува БГНЕС.