Борисов демантира дека си купил остров во Грција

„Нема што да се прикрие од мојата активност”, изјавил категорично премиерот Бојко Борисов пред денешната владина седница во врска со емисија на бугарската „Нова телевизија“, од 25 јуни, во која требало да се коментирало на тема дали премиерот си купил остров во Грција.

Пред неколку дена, премиерот „експлодирал“, нарекувајќи ги авторите на емисијата „жолти лажни копилиња“.

Вчера телевизијата објави дека планираната епизода на шоуто не е емитувана „бидејќи не ги задоволува медиумските стандарди на објективност, вистина и рамнотежа“.

Денеска , Борисов  упати молба до новинарите да не го вмешуваат неговото име во лажни всти приказни:

„Ве молам …Што сакате пуштајте, што сакате правете, но не го вмешувајте моето име , не е фер. да ми вмешани името, не е фер…Затоа што порано или подоцна вистината излегува’ рекол Борисов, и ги повикал медиумите да истражат.

„Имате прекрасни истражувачки новинари, пратете ги да отидат да проверат и ако е вистина, ќе дојдам и ќе поднесеам оставка.

Но, немојте да бидете толку против мене! Нема ништо да се сокрие од мојата активност. И јас имам семејство и тие гледаат “, изјави Борисов, цитиран од агенцијата „Фокус“.