Борисов: „Гугл“ да не ни ги украде кадрите!

Loading...

„Треба да внимаваме ‘Гугл’ да не ни украде кадрите, бидејќи многу често така се случува. Се што ќе им се допадне, го прибираат кај нив“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов при отворање обука за дигитализација на малите и на средните претпријатија во Бугарија.

Борисов вели дека тоа за „Гугл“ важи „како целина за сите западни компании“.

На настанот премиерот вети дека земјата технолошки ќе ги модернизира училиштата, бидејќи денес важи онаа „Чичко Гугл знае сè“, за да бидат бугарските деца „на иста брзина“ со децата од ЕУ.

Најавено е дека технолошкиот гигант „Гугл“ ќе ги продлабочи врските со Бугарија.