Борисов и Радев не доаѓаат, солидарни со БПЦ за 1.000 години ОА!?

Loading...

Бугарски медиуми денеска известуваат за прославата на 1.000 годишнината на Охридска архиепископија, и посебно се истакнува дека на јубилејот биле поканети и бугарскиот претседател Румен Радев како и премиерот Бојко Борисов.

Сепак, нема официјална најава дека Радев и Борисов ќе допатуваат денеска или утре во Охрид.

Покана за настанот имало и до претставници на Бугарската православна црква, но како што е познато на 14 мај Светиот синод на БПЦ реши да не испраќа свои претставници.

Одлуката беше донесена во отсуство на бугарскиот патријарх Неофит кој беше во болница.

Добро упатени во црковните работи, за „Expres.mk“ тврдат дека бугарските владици одбиле да допатуваат во Охрид бидејќи на тој начин признаваат дека Охридската архиепископија е македонска, а не бугарска како што инсистира бугарската црква.

Немањето потврда дека бугарскиот претседател и премиер сепак ќе дојдат, многу веројатно има врска со таквиот став на БПЦ, а Радев и Борисов веројатно се солидаризираат со бугарското свештенство.

Претседателот Румен Радев пред неполни два месеци беше во посета на манастирот „Свети Јован Бигорски“ придружуван од бугарски владици.

Не се исклучува можноста на прославата на 1.000 годишнината на ОА во Охрид да допатува во приватна посета некој од бугарските владици.

1 Коментар

Comments are closed.