Бугарскиот ремиер нареди да се затвори Државната агенција за Бугари во странство, на седница на Владата што се одржа на 21-ви ноември.

Раководството на Државната агенција за Бугари во странство (ДАБЧ) беше вклучено во скандал со продажбата на пасоши за бугарско државјанство. Пред извесно време, Бугарите што живеат во странство, со отворено писмо побарале ДАБЧ да биде затворена  бидеќи била „институционално непотребна“.

Во писмото се потсетува дека уште од 2013-2014 година агенцијата била предмет на истрага.

Повеќе од 20 лица беа уапсени минатиот месец, меѓу кои и шефот на ДАБЧ, Петар Харампиев, кој веќе е отстранет од функцијата.

Според обвинувањата, групата која дејствува во Државната агенција за Бугари во странство давала лажни сертификати за наводно бугарските корени врз основа на што се добувало бугарски пасош. За таков документ во некои случаи се плаќало и по 5.000 до 8.000 евра, а во тек на една седмица се издавале и по 20 такви документи.

SHARE

Оставете Коментар