Борисов му раскажувал на папата за Кирил и Методиј

Премиерот Бојко Борисов го поканил папата Франциско да ја посети Бугарија, пренесуваат бугарски медиуми.

„Нашиот придонес е толку голем во сферата на писменоста  и треба да се гордееме со она што го правеа светите браќа Кирил и Методиј, а потоа и нивните ученици“, изјавил Борисов.

Бугарите не само што може да се гордеат, туку сите ние сме повикани да ги поттикнеме историчарите многу подобро да им кажат на децата и на идните поколенија да го запомнат тоа, порачал бугарскиот премиер.

Оставете Коментар