Борисов предлага заеднички амбасади со Македонија

Бугарскиот премиер предложил Бугарија и Македонија да отворат заеднички дипломатски претставништва каде двете земји се уште немаат свои амбасади.

„Скандинавските држави споделуваат амбасади, за да штедат пари. Можеме да направиме таму каде што ние немаме и вие каде немате, да работиме заедно“, предложил Бојко Борисов на вчерашниот прием во бугарската амбасада во Рим по повод празникот 24 мај, на кој присуствуваше и македонскиот премиер, Зоран Заев.

Борисов, како што пренесуваат известувачи на бугарски медиуми, рекол дека ова е возможно „ ако станеме прагматични, тогаш ќе сфатите дека можеме да направиме уште подобри работи“.

Веројатно како аргумент плус на идејата, Борисов уште рекол дека „венците од Македонија и од Бугарија пред споменикот на Кирил и Методиј во бугарската амбасада во Италија не си пречат“.

Оставете Коментар