Борисов: Што уште треба да направи Македонија за ЕУ!

Бугарскиот премиер ги предупреди западните земји дека ја ризикуваат иднината на Европската унија со нивната „себичност“.

„Што може повеќе да направи Македонија за да добие повик за разговори? Зар не е за членство, туку за преговори? Се направија: име сменија … Дајте да се замислиме, ако Германија или Полска требаше да ги сменат името … Доаѓале европски избори и не бил моментот. Е, кога ќе биде?“, изјавил Бојко Борисов вчера пред да биде соопштено дека Македонија и Албанија би можела да започнат преговори со ЕУ идниот јуни.

„Засега Макрон не сака да ја поддржи Македонија за влез во ЕУ – сака да биде во пакет со Албанија. Албанија е далеку поназад. Дака „пакетирани“ ќе се забават“ рекол Борисов.

Како што пренесуваат бугарски медиуми повод за „нервозната“ реакција била идејата Македонија да добие покана за преговори за членство „во пакет“ со Албанија, но пред се дополнителниот услов што го добила Бугарија за влез во еврозоната. Имено, големите бугарски  банки да бидат ставеин под надзор на Европската централна банка (ЕЦБ) пред усвојувањето на еврото.

„Зошто постојано ги менувате условите за еврозоната? Себичност има, да – со начинот на кој работите во моментов, ќе ја преполовите Европа таа неверојатна творба ЕУ на крајот ќе биде торпедирана од себичноста на секоја одделна држава“, рече бугарскиот премиер.