Борисов со критики за сестринските партии во Македонија и во Грција

Бугарскиот премиер и лидер на десничарската ГЕРБ, Бојко Борисов, на Конгресот на Европска народна партија (ЕПП) во Хелсинки изрази зачуденост што нашол заеднички јазик со социјалдемократот Заев, наспроти сестринските партии во Македонија и во Грција.

„Договорот со Скопје воопшто не беше лесно да се потпише од Бугарија, но со Заев дадовме пример како една партија од ЕПП и друга од социјалдемократите можат да го постигнат тоа. Го направивме тоа бидејќи сметаме дека европската перспектива за Македонија за ЕУ и за НАТО минува преку тој договор. И што се случи? Социјалдемократите во Македонија сакаат во ЕУ и во НАТО, крајната левица во Грција сака соседот Македонија исто така да отиде таму, а нашите сестрински партии во Македонија и во Грција не сакаат“, рече Борисов.

„Да си поставиме елементарно прашање – има ли дисциплина во ЕПП или нема? И како што се собираме, донесуваме одлуки и даваме перспектива, ги прашавме ли нашите колеги во Грција и во Македонија – вие каде сакате да ја видите вашата држава?“, додаде тој.

 

SHARE

3 Коментари

  1. Ако си толкуу фин што не го призна македонскиот јазик со договорот. Јеби га сто стапа по туѓ грб не болат.

    • Не се признава нещо, което не постои! Да се признае македонски език, значи да се признае фалшификатът на Коминтерна!

Оставете Коментар