Играњето на мобилен телефон од скопскиот градоначалник Петре Шилегов и дремењето на заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули на седницата на собраниската комисија за аерозагадувањето измамија осуда од голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски.
„Министерот за одбрана“ преку Фејсбук изрази згрозеност, нарекувајќи го однесувањето на двајцата „срамота и брука“ и заклучувајќи дека „Македонија заслужува повеќе“.