Бошњаковски на „Твитер“ го осуди инцидентот на Водно

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на „Твитер“ реагираше откако медиумите пренесоа информации и видеа за инцидентот на Водно кога активисти на „Го сакам Водно“ се обидоа да ги спречат багерите да копаат по што слуѓбено ливе му се обрати на багеристот со зборовите „Гази се пред себе“

„Правото на протест е загарантирано и никој ама баш никој нема право да го спречи. Вербалната расправија во која учествуваше службеник е недозволива и не смее и нема да има толеранција и силно го осудувам“ напиша Бошњаковски кој на Твитер ја сподели и официјалната реакција на Македонски Енергетски Ресурси (МАР)

„Во врска со инцидентот кој настана денеска помеѓу еден од работниците и активистите напоменуваме дека не е политика на однесување на МЕР и се коси со протоколите за работа.

Вербалниот инцидент силно го осудуваме, а однесувањето на работникот ќе биде предмет на проверка и потенцијална дисциплинска постапка.

Потенцираме дека граѓаните имаат неприкосновено право на изразување на сопствен став и изразуваме подготвеност да ги продолжиме разговорите со еко здруженијата“, се вели во реакцијата на МЕР

Драма: Граѓани против багери во одбрана на Водно! (ВИДЕО)

 

Оставете Коментар