Босна доби 1,5 милиони евра од ЕУ за да се справи со мигрантите

Сомневањата дека постои „план“ според кој ЕУ сака да ги задржи надвор од нејзините граници идните бегалци, мигранти и потенцијални баратели на азил и дека тие очајници од Блискиот Исток размислува да ги смести во „регионот на Западен Балкан“ полека почнваат да се потврдуваат.

Европската комисија вчера й додели 1,5 милиони евра на Босна за да й помогне да се справи со приливот на мигранти што минуваат низ неа кон Западна Европа.

„Бројот на бегалците и мигрантите кои пристигнуваат во Босна и Херцеговина се зголеми и ние мора да дејствуваме брзо“, вели еврокомесарот, Христос Стилианидес.

Тој додаде дека средствата треба да ѝ помогнат на балканската земја да ги исполни основните потреби на мигрантите и да обезбеди итни засолништа, храна и здравствена помош, како и заштита , рече тој во изјавата.

Повеќе од 5.500 иелегални имигранти влегле во Босна уште од почетокот на годината, особено млади мажи, но во последно време и семејства со деца, претежно од Иран и од Пакистан.

Нивниот број сè уште не се споредува со стотиците илјадници мигранти кои избегаа од војната и сиромаштијата на Блискиот Исток, Азија и Африка, кои пристигнаа во Европа во 2015-16 преку „Балканската рута“ и која беше „затворена“  во 2016 година.

Оставете Коментар