Во послание од Синодот на Бугарската православна црква што го објавуваат бугарски медиуми се изразува готовност на БПЦ да стори се што е во нејзина моќ и што е во согласност со светите канони на Светата Црква, „да им помогнеме нашите православни браќа во денешна Македонија“.

„Дел од големиот проблем за статусот на Православната Црква во денешна Република Македонија е прашањето за историската судбина на Бугарска Охридска архиепископија која постоела во минатото, и од чие основање во оваа 2018 година се исполнуваат илјада години, се вели во посланието, потпишано од Партриарх Неофит и сите и митрополити.

Во врска со одбивањето на БПЦ да учествува во прославата, одржани на 27 и 28 мај во историскиот храм на Божјата премудрост во градот Охрид, во пораката се вели дека кон свештеноначалието на светата Бугарска патријаршија биле упатени незаслужени укори и обвинувања за предавство – без разлика дали биле плод на неразбирање или биле недобронамерни – кои внесоа непотребна горчина.

(Да потсетиме, неодамна од МПЦ-ОА до Цариградската патријаршија било испратено писмо, пропратео и од писмо од премиерот Зоран Заев, со кое наводно се бара македонската православна црква да биде признаена како Охридска архиепископија, што создаде забуни во домашната јавност и во соседството). 

Во опсежното соопштение во кое не се споменува полното име Македонска Православна Црква – Охридска архиепископија (или МПЦ-ОА), се објаснува дека „денес на Балканот постојат сосема различни државни и црковни реалности во споредба со далечното минато“ и поради општествено-политичките процеси во овој регион во текот на годините биле створени нови држави и нови помесни православни Цркви.

„Она сепак, кое продолжува и денес да не обединува сите нас – без исклучок – е нашата православна христијанска вера  доверен од Исус Христос (…)„Тоа беше и причината и нашата главна побуда, Светиот Синод на нашата Православната црква да ја прифати предложената улога од македонска страна да ги преземе неопходните и можни чекори и активности пред другите братски православни Цркви за решавањето на канонскиот црковен статус на Православната Црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметнатата црковна изолација“.

Во  посланието понатаму се вели дека со овој мотив и со оваа намера бил прифатен предлогот од Рерпублика Македонија, лани во ноември, БПЦ  да го преземеме на себе товарот на посредник за решавање на статусот на Православната Црква во оваа земја.

Но, желбата што била примена со внимание и чувство за одговорност од БПЦ, истовремено и недвосмислено беше отфрлена од некои братски помесни цркви, кои отворено изразија несогласување за таков развој на македонскиот црковно прашање”, пишува уште во посланието.