Барбареев: Кирил и Методиј се тврдината пред негаторите

Loading...

На денот на сесловенските просветители еден од најпочитуваните професори на Унуверзитетот Гоце Делчев во Штип поставува прашања и нуди одговори за начините на кои може Македонија да се одбрани од нејзините негатори.

„Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“

Св. Кирил и Методиј се духовна тврдина пред оние кои го негираат името, идентитетот, јазикот, културата, историјата и сè што е македонско”, пишува професорот Кирил Барбареев на својот блог.

“Тие се духовни амблеми на културниот универзум. Изумители на глаголицата. Прогласени за спиритуални патрони на целата Европа. Има ли поголем доказ дека Македонија никогаш не била периферија”, вели Барбареев..