Бред Пит дебитирал во филм со Милена Дравиќ

Холивудскиот актер Бред Пит имал можност да ja одигра улога во филм со легендарната актерка Милена Дравиќ.

Во филмот „Темната страна на сонцето”, во режија на Божо Николиќ, Бред Пит ја одигра првата главна улога на филмското платно.

Милена Дравиќ ја играше улогата на неподвижната мајка на Рик (Бред Пит) во филмот снимен во 1988 година.

Српската и југословенска актерка почина синоќа во 78 година од животот.

SHARE