Брисел – град на шпиони

Заборавете на Виена и Берлин, бидејќи во Европа има ново гневно шпионско гнездо – Брисел.

Сомнежите меѓу претставниците на Европската унија, дека Велика Британија ги шпионирала со цел дае добие чувствителни планови во врска со „Брегзит“, ги полнеа весниците во Велика Британија минатата недела, но за многумина во Брисел шпионирање пријатели и непријатели е само работа како и секој друга, пишува Politico.eu.

За некои странски разузнавачки служби, Брисел е „цел“, бидејќи е домаќин на Европската унија и на НАТО, додека  други, како што се некои африкански и блискоисточни безбедносни служби, се фокусираат на големата дијаспора која живее во Белгија…

Шефот на австриската разузнавачки агенциа Петар Гридлинг изјави во јуни дека “Брисел сега а претрка Виена” со присуството нас разузнавачки служби надвор од ЕУ.

Иако отсекогаш имало шпионирање во Брисел,  со растечката важност на ЕУ и со голем број на амбасади во градот, се зголеми бројот на шпионите.

„Студената војна се врати. Во моментов повеќе странски агенти сега работи во Брисел отколку во годините пред падот на Берлинскиот ѕид. Кинезите, Русите, Американците, Мароканците се многу присутни во Белгија“, изјави неименуван поранешен белгиски разузнавач.

Дипломатите во Брисел се свесни дека секојдневно се надгледувани, пишува Politico.

„Поради  ЕУ и НАТО, многу земји имаат дипломатски и економски мисии во Брисел, со што се создава богата средина за сите шпионски служби“, вели еден висок официјален претставник на американската разузнавачка служба, кој не сакаше неговото име.

„Во Брисел е лесно да се влезе и да се излезе, што ги олеснува чувствителните операции“, вели тој.

Според Politico,  САД се далеку од невина страна на шпионската сцена во Брисел.

Германскиот магазин „Шпигел“ во 2013 година, пишува дека според документите објавени од страна на Едвард Сноуден, САД спроведува(ле) електронски операции за прислушување на институциите на ЕУ во Брисел …

Претставник на безбедносните служби на ЕУ за Politico изјави дека има  пријателски и непријателски служби и додаде дека шпионите на тајна работа генерално работат и така најчесто се претставуваат на белгиската служба за безбедност по пристигнувањето во Брисел.

SHARE