Loading...

Само 1 отсто од работниците во селското стопанство на Островот се Британци. Во моментов, најголемиот дел од нив се сезонски работници од Источна Европа, но по „брегзит“ и укинувањето на слободното движење ситуацијата сериозно ќе се измени.

Кој ќе ги собира земјоделските производи по Брекзит? Ова прашањер го поставува  „Вашингтон пост” во репортажа во која наведува кои секторите, кои ќе бидат засегнати по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Денес Велика Британија е потполно зависна од „туѓа“ рабона рака за собирање на овошјето и зеленчукот. Според Националната унија на фармерите, Британцитбеа помалку од 1 отсто од 60.000 сезонски работници на полињата во текот на изминатата година.

Повеќето работници се од Бугарија и Романија.Како дел од ЕУ, вратите се широко отворени за слободно движење на граѓаните од земјите членки на Унијата, вклучувајќи ги и сезонските работници, кои остануваат во Велика Британија 4-5 месеци, заработуваат пари во британски фунти и се врааат во своите земји во текот на зимската сезона.

Но, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ, ерата на слободното движење ќе заврши. Фармерите почнуваат дас паничат околу тоа кој ќе ја собира реколтата од следната пролет, пренесува News.bg.

Оваа година британските фармери веќе регистрирале 30-40 проценти недостиг на работна сила.

Оставете Коментар