Илјадници луѓе денеска се придружија на маршот до Парламентот,во Лондон на одбележувањето на втората годишнина од гласањето во Велика Британија за напуштање на ЕУ.

Актвистите на организацијата „Народно гласање“, истакнаа дека „бгегзит“ не е завршена работа и дека мора да се слушне народот.

На 23 јуни 2016 година во Велика Британија беше организиран референдум на кој се гласаше земјата да ја напушти ЕУ.

Со мала предност 51,9 наспроти  48,1на референдумот победија подржувачите на идејата за напуштање на Унијата.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ 29 март 2019 година, 46 години откако за прв пат се приклучи на догашната Европската економска заедница (ЕЕЗ) чиј наследник е ЕУ.

SHARE