Британски експерт предвидува „драма“ на Балканот!?

Долгорочна судбина на Балканот е да се реорганизира во национални држави, што е многу комплициран и токсичен проблем, а Западот треба активно да се вклучи во него за да го контролира и така да го намали ризикот, смета британскиот експерт и поранешен дипломат., Тимоти Лес.

Директорот на тинк-тенкот „Нова Европа“ и истражувач на Универзитетот во Кембриџ пред две години кога „предвиде“ прецртувањето на постојните граници на Балканот е неизбежно. Во интервју за “Спутник”, тој вели дека аргументите што тој ги направил во тоа време сè уште важат и денес.

„Постојат два основни пристапи: или да се организира конференција и да се сменат границите одеднаш, или да се проба со постепена транзиција – малцинските групи да добијат поголема автономија во рамките на националните граници во очекување со време новите внатрешни граници да станатни.

За перспективите на Балканот во 2019 Лес вели:

„ Очекувам драма која ќе дојде од веќе вообичаенте локации  – од Македонија потоа и од Косово, каде не е познато дали двете страни ќе дојдат до некој вид спогодба околу фазите за признавање на самостојноста на таа земја, но најмногу драма ќе дојде од Босна каде има најзапалива состојба“ вели Лес во интервју за „Спутник“.

 

SHARE

Оставете Коментар