Британски лорд предвидува нова војна на Балканот

Доколку Босна и Херцеговина остане изолирана, додека на соседните земји од Западен Балкан им се нуди европска  перспектива, регионот би можел да се соочи со обновена етничка војна, предупредува британскиот Лорд Ешдаун.

Тој, како што пренесува британски Expres.co.uk, смета дека се опасни плановите на ЕУ Србија да биде прифатена во унијата, а без притоа да се имаат планови како да се избегне изолацијата на соседната Босна и Херцеговина.

Ешдаун смета дека дека ако се дозволи Србија да се приклучи преку нормалниот процес на пристапување, тоа би можело да ги одложи реформите неопходни во Босна и на крајот оваа европската земја да стане цел на Турција и Русија кои би можеле да ги поддржат различните групи во земјата.

„Тогаш секој Србин во Босна и Херцеговина ќе има и втор пасош и ќе може да патуваат апсолутно без никаков интерес за идните реформи во Босна и Херцеговина.

Тоа значи дека единствените, кои ќе останат запоставени, изолирани, опкружени од нивните непријатели ќе бидат бошњачките муслимани, исто како и во 1992 година“

Ешдаун заклучува дека „Европската унија, во нејзиното незнаење поддржана од западните сили, сега ненамерно ги исполнува плановите на Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ“.

 

SHARE