Италија нареди задржување на хуманитарниот брод „Аквариус“кој го користел хуманитарната организација „Лекари без граници“ за превоз на мигранти од Африка во Европа. Причината е наводното нелегално ифрлаање на опасен отпад во Медитеранот.

Обвинителите во сицилијанскиот град Катанија во вторникот објавија дека обвинија 24 лица за „ нелегален проект за отстранување на отпад“ во јужните пристаништа во периодот од јануари 2017 до мај 2018 година. Тие соопштија дека во отпадот имало контаминирана облека, остатоци од храна, медицински помагала и шприцеви, пишува „Њујорк тајмс“

Според истрагата, бродот, пренел 24 тони потенцијално токсичен отпад, пренесува Франс 24 повикувајќи се на италијанскли медиуми.

Банкарските сметки на „Лекари без граници“ во Италија се замрзнати.

Од организацијата изјавија дека сите нејзини операции во пристаништата секогаш се вршат според стандардните процедури.

SHARE

Оставете Коментар