Бројчаникот на Порта „Македонија“ чека судски одлуки

Поставување на бројчаникот на кои ќе се гледа враќањето на украдените пари, што ќе биде поставен на Порта „Македонија“, како што вети премиерот, ќе зависи од судските процеси.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа, премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција пред владата рече дека тоа зависи од процесите што ги водат институциите, пред се судските институции.

„Многу бргу бројчаникот ќе биде поставен на Триумфалната капија“, рече премиерот.