Бројот на туристи во Македонија зголемен за 17,3 отсто во првиот кавртал

Бројот на туристи што престојуваат во Македонија порасна за 17,3 проценти во првите три месеца годинава во однос на истиот период лани и достигна 144.365, соопшти Државен завод за статистика.

Бројот на домашните туристи се зголеми за 10,1 отсто и достигна 50.860 во првиот квартал од 2018 година во споредба со првите три месеца минатата година, а бројот на странските порасна за 21,5 отсто и достигна 93.505.

Уште поголем е растот на бројот на ноќевањата, при што туристите во наведениот период се зголеми за 17,7 проценти, достигнувајќи 305.263.

Од вкупниот број странски туристи што ја посетиле Македонија во март 10,7 отсто биле од Бугарија, 10 отсто од Србија и 9,3 отсто од Грција.

 

Оставете Коментар