Оливера Наковска-Бикова ѝ донесе бронзен медал на Македонија на Светското првенство за стрелаштво за лица со хендикеп во Чонгџу, Јужна Кореја, освојувајќи го третото место во дисциплината воздушен пиштол 10 метри.

Македонската стрелачка во финалето забележа резултат од 214,3 круга.

Златниот медал го освои Сара Џаванмарди од Иран со 237,6 круга, а сребрениот Ирина Лиаху од Украина со 237,4.

Наковска-Бикова влезе меѓу осумте финалистки со уверливо најдобра стрелба во квалификациите, кога оствари 570 круга и го израмни светскиот рекорд што го делеа Џаванмарди и Лиаху од Светскиот куп во Ал Аин, Обединети Арапски Емирати, на 24 март годинава.

 

Оставете Коментар