Новинар бТВ Иван Георгиев,  оценува дека „Пандорината кутија“ ќе биде отворена доколку македонските власти не се согласат со барањата на нивните албански партнери:

„Во моментов, властите во Македонија имаат потреба од гласовите на албанските колеги за да ги протуркаат промените и да го ратификуваат договорот во Преспа со Грција. Мислам дека многу од она што тие сакаат ќе биде исполнето“, смета новинарот кој деновиве престојувал во Македонија.

„Со години албански политичари зборуваат за економската поделба на земјата и оваа поделба нема да дојде толку  поради некакви етнички тензии, туку поради тоа што албанските граѓани во Македонија ќе побараат подобра иднина. Природно е за нив тоа да го прават преку некоја федерализација на општините во кои живеат. Ова е сценарио за кое македонските политичари се свесни и се обидуваат да го избегнат на кој било начин“, вели Иван Георгиев за бТВ.

SHARE

Оставете Коментар