Бучковски се враќа во СДСМ!?

Владо Бучковски речиси десет месеци чекал одговор од владејачката СДСМ за враќање во „старото јато“, од каде што беше исклучен во 2012 година, пишува „Независен“.

Според информации на весникот Бучковски кој беше поранешен премиер и лидер на СДСМ, поднел барање за враќање во партијата минатата есен, но „надзорниот одбор, на чие чело е актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, не се произнел за ова досега.

Бучковски беше исклучен од партијата, во 2012 година, кога на чело на СДСМ беше Бранко Црвенковски,  со образложение дека работел спротивно на интересите на партијата и дека ѝ нанесувал штета, потсетува „Независен“.

1 Коментар

  1. СЕКАКО ДЕКА ЌЕ ГО ПРИМАТ ВО НИВНИТЕ ПАЗУВИ, ТОЈ Е ЕДЕН ОД АВТОРИТЕ ЗА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПОДЕЛБА НА Р,МАКЕДОНИЈА А СЕГА ДА ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА СО ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈАТА. НА МОЕ ПРАШАЊЕ ДО ЕДЕН СТРУЖАНЕЦ ,,ЗОШТО ГО ТЕПАВТЕ БУЧКО, ТОЈ ОДГОВОРИ, НИЕ НЕ ГО ТЕПАВМЕ, НО НЕ СМЕЕШЕ ДА КАЖЕ КОЈ,,? ЕТЕ ДО КАДЕ ОДАТ РАБОТИТЕ, ЗНАЧИ ТИЕ ОД ПОСЛЕ ВОЈНАТА ПА НАВАМУ КОГА И СВОИТЕ ГИ ТЕПААТ И УБИВААТ, НЕ ПРИЗНАВААТ А ТОА ГО ПРАВАТ И ДЕНОВИВЕ СО ,,НОВИОТ ЖИВОТ,,. ЖАЛНО Е И ТРАГИКОМИЧНО И ПАДНАА МНОГУ ПОДЛАБОКО ОД ДНОТО НА ДНОТО.

Comments are closed.