Бугарија бара гаранции „Северна Македонија“ да не е на штета на соседите

Министерство за надворешни работи на Бугарија го поздрави договорот на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, но бара и гаранции за себе од двата соседа.

„Ова го отвора патот за европската и евроатлантска интеграција на нашиот сосед. Ова е реална шанса, на крајот на бугарското претседателство со Совет на Европска унија, за унапредување и хоризонт за започнување на разговорите за пристапување“, соопшти бугарското МНР.

„Новото име Република Северна Македонија не треба да се толкува како основа за идна промена на постојните граници или за тврдења кон соседите во врска со јазикот, културата, историјата и идентитетот“, се вели во соопштението.

„Министерството за надворешни работи ќе инсистира на тоа нашите две соседни, партнерски и пријателски земји да дадат гаранции дека овие два принципа ќе бидат недвосмислено наведени и зацртани во договорот меѓу нив“, нагласува МНР на Бугарија.

 

SHARE

Comments are closed.