Бугарија чека екстрадиција на убиецот на новинарката

Осомничениот за бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова во Русе, кој беше уапсен во германскиот град Стад, ќе се појави пред германски суд во Хановер, кој ќе одлучи дали Северин Красимиров ќе биде екстрадиран во Бугарија.

Со ДНК анализа е утврдено дека 21.годишниот Красимиров ја силувал и ја убил Маринова.

Германските власти го уапсија осомничениот во вторникот вечерта – 8 часа по упатено барање од бугарските власти. Тој беше пронајден во домот на неговата мајка во Штад.

На прес-конференција, германската влада објасни детали за притворот на младиот човек, а од полицијата велат дека целата постапка за враќање на осомничениот кај нас може да трае максимум 40 дена.

Мајката на Северин изјави дека тој ја признал вината, објави Нова ТВ.

Таа работи во Германија и од таму изјави дека нејзиниот син ѝ кажал дека ден по  неговиот роденден кога го направил злосторството бил пијан.

Мајката сака на нејзиниот син да му се суди во Германија и таму да ја отслужи затворската казна.

Таа се плаши дека ќе го убијат во Бугарија.

Оставете Коментар