Бугарија и БиХ со поевтин бензин од Македонија

Возачите во Бугарија и во Босна и Херцеговина купуваат поевтин бензин од тие во Македонија, каде што средната цена е 1,19 евра, шест центи повисока од таа кај источниот сосед и десет во однос на поранешната југословенска република.

Најскап бензин во 11 земји од регионот се точи во Грција, каде што неговата цена е 1,54 евра, втора е Хрватска со 1,45, трета Албанија со 1,42, по што следуваат Црна Гора со 1,41, Словенија со 1,35, Србија со 1,29, Унгарија со 1,21 и Романија со 1,20.

Албанија е лидер на регионот според цената на дизелот од 1,42 евра, во Србија и во Хрватска тој се продава за 1,36 евра, во Грција за 1,31, во Словенија и во Црна Гора за 1,30, во Унгарија за 1,27, во Романија за 1,25, во Бугарија за 1,14, во БиХ за 1,07 и во Македонија за 1,05.

 

Оставете Коментар